Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси рече дека би било загрижувачки да се помине групната фаза во Купот на Америка.
Меси ноќеска го постигна единствениот гол за „гаучосите“ во ремито со Парагвај (1:1).
Во последното (трето) коло од групата Аргентина игра со Катар и неопходна и е победа за сигурен пласман во следната фаза.
– Да не ја поминеме групата ќе биде лудо. Мораме да се обидеме да ја подобриме играта, иако скоро и да нема време за тоа. Треба да го добиеме следниот натпревар за сигурен пласман во следната рунда. Ќе строиме сé што е можно, изјави Меси.
По две кола во Б-групата лидер е Колумбија со максимални 6 бода, Парагвај има 2, додека Катар и Аргентина се со по 1 освоен бод.