Во дамнешната 1981 година е издадена книгата “Relax and Win: Championship Performance” во која авторот за прв пат пишува за методата за спиење која ја користи американската војска.
Оваа метода се смета дека може да му помогне на секого по шест недели вежбање да заспие за помалку од две минути.
Техниката била осмислена со цел да се реши проблемот со уморните пилоти кои поради ненаспаноста правеле грешки на теренот. Методата вклучува свесно опуштање на мускулите, употреба на техника на дишење и визуализација, пишува “Daily Mail”.
Како да заспиете за помалку од две минути?
Прво треба да ги опуштите мускулите на лицето, вклучувајќи го и јазикот, мускулите на вилицата и мускулите околу очите. Потоа, спуштете ги рамената што е можно пониско и опуштете ја едната рака почнувајќи од рамото па се’ до дланката, а потоа и другата.
Третиот чекор вклучува дишење – издишете, опуштете ги градите и на крај опуштете ги мускулите на нозете. Започнете од бедрата и опуштајте мускул по мускул на нозете се’ додека не стигнете до стапалата.