По распитот на ТВ водителката Лила Филиповска утрово, подоцна на распит во обвинителството дојде бизнисменот Силјан Мицевски кој два часа даваше исказ во врска со аферата Рекет.

Бизнисменот Мицевски беше повикан да сведочи во Јавното обвинителството за гонење организиран криминал, од обвинителката Вилма Русковска, како лице кое треба да даде „потребни известувања“ за оваа криминална афера.

Мицевски, како што беше објавено во повеќе медиуми, кажал дека 720.000 евра префрлил на сметката на Меѓународниот сојуз, а не на сметката на пензионерката Лилјана Тодоровска, како што таа тврдеше.

– Прашајте го Бојан како ќе ми ги врати парите, изјави Мицевски, на новинарско прашање на кој начин очекува парите да му бидат вратени.

Тој негира дека имал средба со Боки 13 и рече дека парите ги префрлил преку банка директно на сметка на Сојузот.