Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска изјави дека блокадата на носењето закони со Бадентер во Собранието од страна на ДУИ не може да предизвика предвремени парламентарни избори. Мицкоски рече дека не гледа криза и дека власта има стабилно мнозинство.
– Не. Не гледам криза. Ние имаме стабилно мнозинство. Не мислам дека тоа претставува каква било криза – рече Мицкоски. Ќе ве потсетам, додаде тој, „дека на скали избраа претседател на Собрание“.
Со процедурални забелешки ДУИ го блокираше носењето закони во Собранието пред одморите. Иако заврши расправата за некои закони за кои беше потребен Бадентер односно гласање на пратениците од немнозинските заедници, како за Законот за правична застапеност на пример, за нив не се гласаше.
Фото: Влада




