Премиерот Христијан Мицкоски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците упати честитки до сите припадници на бошњачката заедница.

– Нашата различност е нашата сила, а заедничкиот живот, меѓусебното почитување и разбирањето се темелите врз кои ја градиме нашата држава – пишува во денешната објава на фејсбук-страницата на премиерот.

Се додава дека Бошњаците се нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество, со својот богат културен идентитет, традиција и придонес во развојот на државата.

– Ви посакувам здравје, успех и благосостојба, со уверување дека заеднички продолжуваме да градиме општество на еднакви можности, почит и доверба – порача премиерот.

Фото: Фејсбук-страница на премиерот Христијан Мицкоски