Христојан МИЦКОСКИ

Честитки до целокупниот тим на доктори и медицински лица кои ја направија првата трансплантацијата на срце. Воедно и како општество должиме благодарност до донорското семејство за одлуката. Ангажманот, посветеноста и стручноста на тимот доктори влева огромна надеж дека може да биде подобро и е одличен пример дека Македонија во овие тешки времиња има успешни приказни. Секој живот вреди, а вие денес спасувате животи. Честитки.