Јас уште после оние украдени би рекол корона избори кои ги злоупотреби Заев и едвај извади нерешен резултат со блага негова предност не би рекол дека оваа влада е стабилна и Парламентот ваков каков што е ќе функционира и не ќе биде практично парламент кој што ќе може да носи одлуки, а тие одлуки ќе бидат во корист и полза на граѓаните. Тоа всушност и се оствари, неколку пати тогаш барав лидерски средби пред Нова Година, пред крајот на 2020, бев одбиван за да овој март месец имавме таа те-та-тет средба на мое барање на кои се обидовме некои процеси во рамките на парламентот ги одлагаме. Но однесувањето на спикерот во Собранието кое секако е поддржано од парламентарното тенко мнозинство во случајот и СДСМ на чело со Зоран Заев, денеска дополнително ги комплицира работите, односно дополнително не потсетува дека ништо во суштина не е решено и дека ситуацијата многу брзо може да ескалира и да се радикализира. Јас би го предупредил да не си игра со оганот затоа што може да се изгори и да му пукне во рака петардата, а кога ќе му пукне петардата во рака тогаш нема враќање назад. Затоа луѓето треба да бидат свесни дека одговорноста е во парламентарното мнозинство, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето вклучување во емисијата „Јади Бурек“ на ТВ Сонце.

Мицкоски во текот на своето вклучување порача дека спикерот Џафери има задача да обезбеди храмонични услови во парламентот, а не да се однесува дивјачки и да ја цензурира опозицијата.

Спикерот има задача да обезбеди хармонични услови во рамките на Парламентот за работа односно да најде баланс помеѓу различни пратенички групи, а не да се однесува дивјачки и да практично забранува и ја цензурира опозицијата во 21 век во земја во која што е кандидат за ЕУ. Уште еднаш ја користам оваа прилика да го предупредам да не си игра со оган, да не му пукне петардата во рака, па потоа да се изгори, па потоа последиците да бидат многу големи, додаде тој.

Мицкоски посочи дека ќе биде интересна оваа македонска пролет, треба внимателно да се следи и ќе се увидат резултатите на тоа што ќе се случува во периодот кој следи.

„Јас очекував дека тоа што се случи дека ќе се случи, големо е незадоволството кај граѓаните, сето ова ескалира, за тоа вчера масовно луѓето излегоа за да пред се дадат поддршка на лицата кои што се неправедно осудени за дело кое што не го направиле, а тоа е тероризмот. Но истовремено гневот и револтот кој што во себе го чувствуваат кон сета онаа неправда која што во општеството е се присутна, кризата во здравството, образованието, еве гледаме како онаа фарса која што ни се случува со учебниците односно министерката која што се обидува да ни ја продаде, таа општествена неподдршка и револт предизвика со таа глупост која што сака да ја протне во јавноста. Десетици илјади наши сограѓани изгубија работа, компании се затворија, стотици компании го изгубија својот бизнис, практично сето она кое што денеска се случува на полето на здравство, луѓе губат живот на дневна основа, денес повторно имаме 30-тина починати, во просек изминативе неколку дена имаме од 30 до 50 починати секој ден, немањето на вакцини сме убедливо на дното на Балканот и во Европа, чекаме некој подарок да добиеме, последно што разбрав ќе позајмуваме од соседна Србија од плејадата кинески вакцини за да евентуално кога ќе стигнат да ги вратиме, се низа од ситуациите поради кои граѓаните излегоа на протест“, истакна Мицкоски.