Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук пишува дека иако власта не ветила остварила повисока цена на струјата.

-Не ветија, ама остварија повисока цена на струјата. Она што оваа влада го спроведе како институционален поткуп ќе им биде одземено на граѓаните преку повисоките сметки за струја. Евтина тарифа за струјата со која толку многу се фалеа ќе биде неколкукратно повеќе наплатена од џебот на граѓаните. Ова е сериозен удар врз граѓаните. Бандитизмот на оваа власт е во секоја пора, а криминалот и празната каса на државните институции ќе се покриваат со парите на народот, кредитите веќе не помагаат. И затоа покажаа дека само во криминал и грабеж можат уште повеќе и уште подобро!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Не ветија, ама остварија повисока цена на струјата. Она што оваа влада го спроведе како институционален поткуп ќе им…Posted by Hristijan Mickoski on Friday, July 31, 2020