Цела Македонија, секој знае и најмалото дете знае каква ни е Владата на ДУИ и СДСМ, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Од нас имаат очекувања. Лажеле, барем проект да направеле, ние ќе обезбедиме пари, ќе обезбедиме се. Мора градоначалникот проект да направи. Не е битно што е СДСМ, ние за Струмица за граѓаните вложуваме, не за Костадин, ние вложуваме за граѓаните и планираме 26 милиони евра да дадеме, дел од тие пари нека биде водоводот, да го натераме барем проектот да го направи. Советниците во Советот да му речат направи го проектот, идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди пари за луѓето во Банско. Греота е 130 дечиња да пијат загадена вода. Е тоа можеме ние да го ветиме и тоа ќе го направиме, пишува Мицкоски во објавата на Фејсбук.