Апелациониот суд како неоснована ја одби жалбата на СДСМ, во случајот каде партијата беше тужена од премиерот Христијан Мицкоски за нанесување штета на угледот и честа со невистинити содржини преку социјалните мрежи.
-И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија. По којзнае кој пат, откако сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ, но овој пат по судски пат, се докажа дека сум предмет на континуиран измислен и клеветнички напад, јас и моето семејство од страна на политичките противници. Не очекувам да престане оваа методологија, но секогаш кога политичка партија ќе изнесе лажно тврдење, конструирано со невистини и клевети, а не во прашална форма како што често го прават на кукавички начин, ќе ја барам правдата по легален, судски пат. Пресудата е јасна, клеветничката СДСМ треба на свој трошок да ја објави пресудата и да се извини за лагите кои се изнесени. Ова е уште една потврда дека неколкупати по ред, без исклучок ги губат судските случаи, затоа што клеветат, дури и ваквото судство не може да ги “испере”, објави премиерот Мицкоски на Фејсбук.