Владата во моментот ја подржуваат 59 пратеника. А, 60 се тие кои што не ја поддржуваат. И еден имаме кој што не знаеме лавира лево десно, не знаеме со срцето бил ваму, со главата бил таму итн. а, во суштина мислам дека сериозно е заседнат во некоја фотелја или на Бихакќа или во Мала Речица, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување за „Утрински Брифинг“, говорејќи за Кастриот Реџепи.

Мицкоски додаде дека што се однесува до господинот Африм Гаши, тие се во постојана комуникација, секојдневно.

– Сепак тој е претседател на политичка партија и има своја структура и има свои соработници, и тие ќе одлучат понатаму како да ја градат својата политичка иднина. Последно е дека господинот Африм Гаши е во коалиција со господинот Зијадин Села во рамките на коалицијата која што ја формираа и на предвремените парламентарни избори и на овие локални избори, рече Мицкоски говорејќи за Африм Гаши.

Мицкоски посочи дека советникот на господинот Африм Гаши во Советот на Град Скопје го поддржа новиот претседавач на Град Скопје, професорот Трајко Славески.