Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук објави фотографија со американскиот претседател Доналд Трамп, од неговата неодамнешна посета на САД.
– Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство. 🇲🇰🇺🇸 , пишува Мицкоски во објавата.
Фотографијата на Мицкоски и неговата сопруга Рози со Доналд Трамп е од традиционалниот прием на шефови на држави и влади што го организираше американскиот претседател во Њујорк за време на Генералното собрание на Обединетите нации.
Настанот се одржа во хотелот Лот Палас во Њујорк и беше затворен за медиумите.




