Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју во емисијата Бизнис поенти на ТВ Алфа, рече дека опозицијата е конструктивна, повикувајќи ја и власта да биде конструктивна и да не забегува во удобствата кои што мисли дека во моментот ги ужива.

Бидејќи, додаде Мицкоски, веќе два месеца не може да имаат функционален парламент, а ако продолжат вака ќе немаат ниту функционални улици.

– Очекуваме не само опозицијата да биде конструктивна зашто ние имаме деструктивна мафијашка власт. Цениме дека треба и власта да покаже определена конструктивност во насока на минување на овој тежок период пост би рекол пандемиски. Но, и за време на пандемијата бидејќи гледаме дека пандемијата не завршена. Ние имавме на 30 заболени вонредна состојба, а на 100 практично тотален хаос и неразбирање од страна на власта, вели Мицкоски.

Така што, додаде тој, сето она кое е од интерес на граѓаните, а без разлика дали доаѓа од власта или доаѓа од опозицијата ние ќе го поддржиме или пак од другите опозициони партии.