Новиот клинички центар е планиран да биде на платото пред или зад базенот „Борис Трајковски“. Тоа се двете можниости за кои размислуваме и преговараме. Многу бргу ќе имаме конечно решение, а како сето тоа ќе биде интегрирано, допрва ќе носиме одлука – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

И во врска со ГОБ „8 Септмеври“, нагласи, многу бргу ќе се излезе со детална информација.

– Дали ГОБ „8 Септмеври“ ќе биде ваква или таква здравствена установа, дали ќе се поврзе или не, а тука е и ПЕТ-центарот, многу бргу од денеска ќе излеземе со детална информација – напомена премиерот одговорјаќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија.

Во однос на еврообврзницата, Мицкоски истакна дека ќе биде објавена на почетокот на годината.

– В година ни достасува еврообврзницата, некаде март – април, така што мораме на почетокот на годината да ја објавиме. Дали ќе биде во два купона или еден, ќе видиме, во зависност од информацијата што ќе ни ја дадат брокерите што ќе бидат анагажирани од државата за изнаоѓање инвеститори, условите што ќе ги понудат и интересот на пазарот – рече Мицкоски.

Се осврна и на пругата од Коридорот 10 нагласувајќи дека се завршени јавните дебати и дека се разговара со банката „Ексим“ и со другите финансиски институции која државна инстиуција да биде носител.

– Очекувам во првата половина или првиот квартал в година да го почнеме проектот. Имаше многу заинтересирани за финансирање, повеќе од 20, но имаме една необврзувачка индикативна понуда со која разговараме и која е исклучилено поволна. Парите за болниците не се тука, добивме од други европски и светски финансиски институции подобри услови и преговараме со нив преку Министерството за здравство – рече премиерот.

На прашањето за интонирањето на државната химна секој понеделник во училиште во Гази Баба одговори дека треба да се фокусираме на иднината, а не на вакви теми кои „можеби ќе привлечат внимание кај некоја мала група луѓе, која нема толку концентрирано да ги следи овие пораки“. Според Мицкоски, ако се почитува законот, никој не треба да има никаков проблем.

– Почитувањето на државната химна треба да е свето, исто како што треба да е коректно и почитувањето на националните симболи на етниките заедници – порача Мицкоски.