МИЦКОСКИ НА СИТЕЛ: На Божик сме дома, а јануари е посебен за моето семејство!

/ 07.01.2021

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување во емисијата Магазин на телевизија Сител на граѓаните им го честиташе Божиќ и им помаса здравје, среќа и успех. Ова е празник кој се поминува со најблиските, семејството, па така и јас, додаде тој, сум дома со најблиските.

-Најчесто наутро одиме во еден од соборните храмови, тоа е најчесто централниот соборен храм. Одам со сопругата, децата мајка ми и и татко ми, а доаѓа и сестра ми и зетот, потоа на домашен ручек, мајка ми готви, рече Мицкоски.

Тој додаде дека јануари е интересен месец за неговото семјество.

-Именден е на постариот син Јован и на другиот Антониј, едниот е на 20 другиот е на 30 јануари така кај нас јануари се празнува, кажа Мицкоски.


Од истата категорија