Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со Стефан Андоновски секретар за меѓународна соработка на партијата остварија средба со Мајк Зафировски, ко-основачот на „Македонија 2025“, и високи претставници на оваа организација.

На средбата соговорниците разговараа за актуелната политичка и економска состојба, како и евроинтегративните процеси на државата.

Претседателот Мицкоски изрази голема благодарност и ја поздрави долгогодишната активна заложби на „Македонија 2025“ во помошта државата да стане успешна држава, со квалитетни и стручни кадри.

Исто така, Мицкоски ја истакна поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за нивните постојани иницијативи, особено во делот на дигитализацијата, стипендирањето на успешни млади студенти и професионалци од Македонија, како и програмите кои ги организираат.

Имено, Мицкоски додаде дека се потребни коренити промени, информирајќи дека владата е неспособна да се справи со предизвиците со кои се соочува Македонија и граѓаните, и токму поради тоа ВМРО-ДПМНЕ презема активни чекори за промена се со цел обезбедување на подобра иднина за сите граѓани и создавање можности и капацитети за економски раст на државата.