Бившиот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, денеска од локална се префрли на меѓународна политика со поддршка за Украина во војната со Русија.

– Мариопол пред „демилитаризацијата” . Секоја куќа може да е нашата (твојата) куќа, во секоја зграда може да е нашиот (твојот) стан, на секоја улица може да си играле нашите (твоите) деца… #СлаваУкраїні- објави Шилегов на неговиот профил на Фејсбук.

Шилегов и во минатото беше активен на оваа социјална мрежа. Додека седеше во градоначалничката фотелја редовно објавуваше „Пред и Потоа“, прилози за неговата работа на разубавување на главниот град и отсранување на „недостатоците од претходната режимска власт“.

Откако катастрофално ги изгуби изборите, сега Шилегов од локална се префрли на меѓународна политика.