Пред повеќе од една година Заев вети нов инвестициски пакет од 5 милијарди евра , а епилогот по една година неостварено ветување, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој во продолжение од неговата изјава опишува детално што се случи од ветеното на Заев: долг од плус 2 милијарди евра; секое семејство задолжено за нови 4 илјади евра; за само 9 месеци пад на индустриското производство од 12.1%; за 4.7% намален бројот на работници во индустријата; до крајот на годината се очекува пад на БДП поголем од 5 отсто.

Парите, продолжува Мицкоски, се потрошија, народот не памети ниту еден проект. Новиот инвестициски пакет кој Заев го вети е реален колку што се реални: инвестициите на Google и Facebook; колку 5-те инвестиции кои ги најави за септември; колку решенијата за Еурокомпозит и Колска; колку 700 км автопатишта; колку странската инвестиција за фабрика за отпад во Дрисла; колку клиничкиот центар кој требаше да биде готов…

– Значи ништо од ова? Некои од власта лажат повремено, само Заев постојано, вели Мицкоски.