Капиталните инвестиции оваа година ќе завршат на ниво поголемо од 70-тина проценти од тоа што беше предвидено и планирано. Мислам дека секогаш може да биде подобро, но оваа беше изборна година.

Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на пуштањето на целосно реновираниот прв кат на Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје.

-Ценам дека оваа реализација е сосема коректна. Новата Влада направи се што можеше нивото на реализација на капиталните инвестиции да го зголеми.

Мицкоски потенцираше дека следната година е предвиден рекорден буџет за капитални инвестиции, не само за државните и владини проекти, туку и за општинските.

-Како Влада покажавме дека сакаме да бидеме пријатели кон стопанството. И она што е најважно стопанството се ослободи, нема веќе политички моќници, голобради момчиња кои купуваат трговски центри, сватови кои што возат Ролс Ројс, луѓе кои дивееат во акционерски друштва и јавни претпријатија, нема уцени… Конечно се чуствува слобода во воздухот…