МИЦКОСКИ: Немаат тестови, секој момент може да имаме над 100 заразени, а ние треба да му аплаудираме на Филипче од хациендата во Нерези?

/ 20.03.2020

Состојбата со коронавирусот ги стави на жешко столче надлежните во повеќе ресори, а не е помалку жешко ниту на релација опозиција – власт. За причините поради кои опозицијата последниве денови упатува жестоки критики на адреса на власта, Дојче веле разговара со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

ДВ: Ваши партиски функционери изнесоа тешки критики за начинот на кој Владата се справува со епидемијата на коронавирусот. Од што е поттикнатотоа незадоволство?

Христијан Мицкоски: Седум дена ги повикуваме да разговараме. Седум дена трае игнорантскиот однос кон нашиот повик. Седум дена траеше „медениот месец“ на Филипче и останатите од власта. Тој меден месец заврши. Не можеме да аплаудираме. Мора реално да гледаме на состојбите во државата. Јавно ќе поставам прашање: со колку здравствен персонал – лекари и средномедицински кадар, располага здравството? Колку епидемиолози има? Каде се ангажирани тие? Зошто досега се направени само околу 260 тестови? Одговорот е јасен: затоа што немаат тестови. Се тестираат само најакутните случаи, и оние кои имале контакт со заразен. А, стотици луѓе се вратија од ниско и високоризичните држави.

Што значи кога нагласувате дека „вашиот здравствен тим“ ѝ стои на располагање на власта? Тие лекари и медицински експерти, пред сѐ,му припаѓааат на здравствениот систем на земјата.

-Мислам на лица од партиската Комисија за здравство. Тие лица се комплетно игнорирани од менаџментите на клиниките, бидејќи јавно настапувале од името на нашата партија. Ако некој прави селекција, тоа е власта. Мојата порака е – не ги игнорирајте, туку искористете ги тие кадри! Меѓу нив има секакви профили, вклучително и тие што се најпотребни во моментов.

Јавното препукување на релација опозиција-власт создава дополнително неспокојство меѓу граѓаните. Можете ли да седнете на заеднички средби со власта, и таму да се координирате, да се расправате, да предлагате?

-Ние стоиме на располагање. Реков, игнорирани сме од власта, а состојбата е загрижувачка. Вчера попладнето се потврдени нови случаи. Заболено е четиригодишно девојче од Штип, од видно семејство вратено од Лондон. Заболено е лице од Гостивар, од Скопје… Фронтот на заразата се шири. Не се веќе во прашање само Дебар и Жупа. Нам не ни треба министер кој ќе се однесува како портпарол којшто само соопштува бројки на заболени, туку да каже кои протоколи се аплицирани. Или, колкави се стоковите резерви? Бидејќи, прашање на ден е кога ќе се надмине бројката од 100 заразени. Кој ќе ја соопшти таа бројка? Пак ли ќе му аплаудираме? Или ќе се качиме кај хациендата во Нерези, таму да аплаудираме? Еве, во тек е набавка на 50 респираторни апарати. Четири компании се пријавиле. Ги знаеме понудите, ги знаеме цените, ајде да видиме на каква цена ќе го потпишат договорот. Знаеме и кои министри на кој амбасадор на нашата држава му се јавувале, за да најде вакви уреди во таа земја каде што е амбасадор, кои потоа приватна компанија требало да ги увезе во Mакедонија, а истите требало да пристигнат преку DHL.

Целото интервју може да го прочитате ТУКА.


Од истата категорија