Јас Христијан Мицкоски, од срце ви кажувам и со здрав разум зборрувам, гледајќи во Македонците, во граѓаните на Република Македонија, достоинствено и исправено, никогаш, па макар и поцена на животот, никогаш, по ниту една цена, па макар таа чинела и живот нема да го поддржам ова капитулантско дело на Зоран Заев, порача Мицкоски денеска од Битола.
Тој додаде дека Македонија е името по кое се препознаваме и се разликуваме од другите.
-Не заборавајте тоа е нашиот код. Верувам во принципи и вредности. И јас не можам да бидам ништо поинаку од она што се моите принципи и вредности. А за сето ова што сега и го прават сега на Македонија ќе дојде денот кога ќе одговараат и пред законите, но и пред народот. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе продолжи да работи и чекори биде со народот Македонија. Заедно ќе се спротивставиме на сите порази, истакна Мицкоски