Денес објава на нова германско-белгиска инвестиција, објави на Фејсбук претседателот на владата на Република Македонја, Христијан Мицкоски.

-Наследивме држава во кома и работиме со целата енергија да ја вратиме надежта. Градиме подобра иднина. Одлича вест за сите граѓани е дека германската компанија ЕПСОТЕХ во партнерство со белгиската АИМ ќе инвестира во изградба на нов производствен погон, за што ќе вложи 20 милиони евра. Објектот ќе биде лоциран во општината Петровец, надвор од технолошко-развојните зони и во него ќе се произведуваат елементи од автомобилската, железничката и здравствената индустрија. Со градежни активности се започнува на крајот на август, а за една година се планира вработување на повеќе од 110 наши сограѓани. Тоа што е значајно дека дел од инвестицијата е и Центар за истражување и развој што дава голема додадена вредност на истата и ќе значи ангажирање на високо стручни вработувања. Инвестициите се решението за подобар живот на граѓаните. За тебе! Исполнуваме, истакна Мицкоски.