Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски очекува огромна победа.

„Огромна победа е во најава, луѓето се обединуваат околу обновата, луѓето се решени, луѓето се одлучени да излезат и да заокружат 14! Луѓето се одлучени затоа што нашиот македонски народ се обединувал секогаш кога било најтешко во историјата. Тогаш се спротивставувал и на многу помоќен и на многу поброен портивник и победувал. Така ќе го победи и ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев“, напиша  Мицкоски.