МИЦКОСКИ: Прват спектакл од катастрофата со 45 изгорени луѓе

/ 03.12.2021

Добив многу пораки на згрозување од страна на граѓани кои со неверување ја проследија најавата од официјални лица од владата, небаре станува збор за некаков спектакл.  Навистина сум разочаран од тоа што велеа дека ја слушнале пораката од граѓаните, но тие се уште се во политичката кал, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната посета на Прилеп коментирајќи го пристигнувањето на телата на жртвите од несреќата во Бугарија.

Според него не требаше да се дозволи тоа, ниту луѓето кои се виновни што не се почитуваат правилата се уште да одлучуваат.

„Прашањето е како дозволивме како општество, држава покрај тоа што ни се случи во модуларната болница во Тетово и 14 луѓе живи да горат, а сега да се случи ова во катастрофа да загинат 45 лица и како е дозволено толку пати да ја мине границата тој автобус, и како некој толерира да нема ниту морална одговорност. Затоа се потребни нови луѓе кои ќе го напуштат принципот на неказнивост, туку и ќе го засилат“, кажа Мицкоски.

Зачуден сум, додаде тој, „што на овој настан му се даде димензија каква што не треба и што тие луѓе се таму каде што се и одлучуваат, наместо да заминат од власта и функциите“.


Од истата категорија