Мандатот на оваа Влада е 4 години. Од она кое што можам да го видам од опозицијата, е бледо тактизирање кога станува збор за предвремени избори и срамежливи изјави, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

-Нашиот мандат како Влада е 4 години, наш приоритет се граѓаните, интересот на граѓаните, проектите и реформите кои треба да ги испорачаме кои граѓаните ги очекуваат од Владата и она што го испорачуваме во изминативе 25-26 месеци откако оваа Влада е избрана, рече Мицкоски.

Премиерот рече дека за прв пат се сложува со Венко Филипче кога тој вели дека не се исти.

-Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето кои ја уништија и ограбија Македонија, ни во најлошиот сон не би сакал тоа да бидам. Еве за прв пат можам да се сложам со констатацијата на луѓето од СДСМ дека не сме исти, точно, граѓаните можат да направат разлика меѓу ова раководство на СДСМ кое го води куклата на оние кои што ја уништија и ограбија Македонија и Владата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.