Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само Интервју“ зборуваше за пописот и посочи дека за него одложувањето на пописот е потег за спасување на животите на граѓаните.

-Јас немам намера да се пресметувам со непресметливоста и глупавоста на политичките одлуки на власта. Јас фрлив гума за спасување на човечки животи и тоа го зборував уште пред да ескалира ситуацијата дека ќе ескалира. Мене ми беше важно што е можно повеќе човечки животи да спасиме бидејќи бев свесен апсолутно дека ако тргне процесот на попишување на населението и домаќинствата дека бројот ќе биде исклучително голем на луѓе кои што ќе го изгубат својот живот и на тие кои ќе бидат заболени бидејќи невозможно е 5.500-6.000 луѓе да тргнат во едно така масовна операција, а да немаме расеменување на оваа би рекол лоша болест, рече Мицкоски во своето гостување.

Мицкоски истакна дека глупавоста и политиките на власта не го интересираат, туку најважни се интересите на граѓаните и државата.

Во врска со аферата со лажните пасоши за мафијаши и на прашањето од каде му се документите тој истакна:

„Документите ми ги даде свиркач. Чекавме од МВР да почнат со акција. Ама што чекавме. И сега сакаат да не убедат дека лицата кои сликаат и земаат отисоци тие се виновни. Еве за Седат Пекер јас знаев каде точно се наоѓал и со кого се среќавал. Еве нека демантираат дека не се среќавал со лица од Владата. Пекер се бараше со потерница, 60 луѓе се уапсени во Турција и прашањето е зошто е протеран на Косово , а не во Турција. Косово му приредува велелепен пречек, а не го барале на Косово. Јас да бидам министер би се прашал зошто го испорачувам во Косово, не во Турција. Мора да се најде логиечн одговор, рече Мицкоски.

Во врска со законите за петтиот сет економски мерки и обвинувањата дека опозицијата ги кочи, Мицкоски изјави:

„Талат е одговорен да спроведе хармонија во Собранието и Собарнието да биде функционално. Ако не знае нека си даде оставка и нека замине, има кој знае. На лидерската се договоривме дека сите закони кои што се однесуваат на реформскиот процес, се однесуваат на поддршка на стопанството, граѓаните, борба против пандемијата, сите закони, претходно ќе бидат на маса на преговарачки тимови помеѓу опозицијата и власта. Не само ВМРО-ДПМНЕ како опозиција, и коалиција на Алтернатива и Алијанса, и Левица итн. Кога они ќе имаат убедлива победа на избори и ќе имаат 80-90 пратеника поддршка тогаш можат вака да се однесуваат. Со 60 – 62 ќе седат и ќе разговараат со опозицијата и тоа е улогата и на Талат Џафери, ако не ја знае. Таа му е улогата. Да, тешко е, но за тоа имаш привилегија да те возат од одма секое утро и да те собираат од одма и да те развозуваат со ротациони возила“, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека Талат неместо да вика по пратениците во парламентот и фрустрациите да покажува, треба да најде решение.

-Нека ја постави седницата на дневен ред и нема проблем.