Јас денеска разговарав со премиерот на Словенија, господинот Јанша бидејќи сме ете и пријатели, тој пак друго ми кажа. Тој пак ми кажа дека Тања Фајон, Тонино Пицула и Зоран Заев креирале сличен таков нон пејпер кој што се шири по Европа, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Мицкоски додаде дека можеби тој документ ќе биде познат на граѓаните на Македонија во многу скоро време.

„А, господинот Јанша ја пренесува својата неизмерна поддршка кон македонскиот народ, граѓаните на Македонија, кон Македонија и единствено иднината на Македонија ја гледа во рамките на обединета Европа“, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека господинот Јанша иднината на Македонија ја гледа кон обединета Европа и да не се заборави дека токму тој за два месеци од денеска ќе претседава со ЕУ и ќе биде многу битен фактор.

„Господинот Јанша апсолутно го одбива документот. Тој вели дека не постои таков документ. Вели дека ниту сум кажал, ниту пак ме интересира, пренеси им те молам, моите поздрави, мојата поддршка неизмерна кон македонскиот народ, Македонија и јас иднината на Македонија не ја гледма во вакви квази сценарија создадени во комуњарски поранешни тинк тенкови, туку ја гледам исклучиво во обединета Европа“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека иднината на Македонија не е во прекројување на градиници туку само во обединета Европа.

Во врска со кризата со Ковид 19 и вакцинирањето, Мицкоски изјави:

„Суштината на оставките на минситрите за здравство и во Австрија и Чешка е дека не успеале да се справат со предизвикот. Ние кога почна кризата рековме дека треба масовно тсетирање и во светот важеше паролата тестирај-тестирај-тестирај, од крајот на минатата година се зборува за вакцинирај-вакцинирај-вакцинирај, а сега за произведувај-произведувај-произведувај. Ние до втората не сме. И треба час посокоро наместо за провизии каде државата да вложи за производство. На 15 април министерот вели не ни треба стратешко партнерство со Торлак, за на 16 април да рече ќе ни треба партнерство. Јас не знам дали овие луѓе размислуваат. Како вака се менуваат изјавите од ден во ден. Ако сум политичар и водам политика која не успева се повлекувам, ако е проследена со милион скандали тогаш треба да се одговара“, рече Мицкоски.

Во врска со прашањето за корупцијата, тој изјави:

Како држава и како општество сме неуспешни во делот на справувањето со корупцијата и криминалот. Факт е дека никој не успеал и факт е дека уште многу треба да работиме на полето на транспарентноста, криминалот и корупцијата, порача  Мицкоски.

-Ниту една Влада не успеала. Можеа сите влади од осамостојувањето досега да направат многу на овој план, но на жалост не успеаја. Не можам и јас да ветам чуда, но можам да ветам дека ќе имаме подобар резултат во втората година од новата влада од тој во 2015 година на Транспаренси интернешнл, рече Мицкоски.

Нагласи дека не може да биде реформатор човек кој, како што рече, во својот живот бил аболиран политичар и влегол во мандатот со активен судски процес и додаде дека случајот со одредување домашен притвор за Драги Рашковски не може да ја врати довербата во судството.

-Македонија е мала земја и се се знае. Неколку дена однапред се најавуваше дека ова ќе се случи. Тоа уште започна со сценариото со неговата оставка од кабинетот на Заев, па се шпекулираше дека ќе заврши само со одземена патна исправа.Како поминуваат деновите велеа дека ќе добие куќен притвор. Еве доби куќен притвор, јас го најавив. Може и да ви кажам и чекор понатаму што ќе се случи. Можеби ќе се прошири со дополнителни две обвиненија неговата пријава, па можеби ќе биде променета оваа мерка притвор, наместо куќен да биде ефективен, рече Мицкоски.

Според него, нивото на корупција во земјава е причина поради која нема ни една странска инвестиција иако сме земја членка на НАТО, а тоа, како што вели, го потврдуваат и високите претставници на САД и Стејт Департментот.

-Последни сме во регионот според странски инвестиции, зашто сме први по криминалот и корупцијата во највисоките државни ешалони, рече Мицкоски и ги спомена легално издадените македонски патни исправи кои, како што рече, ги користат балканските и европските нарко дилери, па дури и во Бразил.

Тој нагласи дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е „неспособен и криминоген, и треба да одговара за Мафија“.

-Материјалите околу аферата ги имав веќе неколку месеци и тоа ми беа доставени од свиркач. Го повикувам Спасовски, подготвен сум да одговарам за како што вели саботажа, да ме суди веднаш, нека го покаже лицето од тие кои што се таму приведени и обвинети со доказ, не со исказ. Мојот телефон нека го види, бидејќи ме следат точно знаат каде се движам, нека докажат дека јас сум имал било каков контакт со тие луѓе таму. Подготвен сум веднаш тие да бидат сите ослободени, а јас да одговарам за саботажа, а во спротивно да се извини. За тоа што е неспособен, криминоген и треба веднаш да замине од таа позиција и да одговара, рече Мицкоски.

Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде против промена на Законот за одгледување марихуана за медицински потреби и производство на масло од канабис и овозможување на извоз на цвет од марихуана и додаде дека оние кои се излажани и почнаа да одгледуваат марихуана и сега не знаат што да прават со неа можат да прават масло иако е скапо.

За оние што беа фатени со помош од ДЕА за трговија со дрога вели дека се „војската на Заев која поткупува на избори“.

-Одамна предупредуваме уште од самиот почеток дека Македонија ќе стане наркохаб во Европа. Давани се лиценци 20-30 ги има може и повеќе. Тоа е лудило. Овие лица кои што се денеска во Владата не можат тоа да го разберат затоа што ние на овие избори предупредуваме за тој командир на полицијата во Прилеп со што се занимава и како се занимава. Тоа е војската на Зоран Заев која на избори уплашува, притиска, уценува и поткупува во униформа. Овие луѓе се тие кои поткупуваат на избори кои што се закануваат, уценуваат и притискаат, потенцира Мицкоски.