Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски оствари средба со американскиот заменик-помошник државен секретар за европски прашања Метју Палмер.
На средбата стана збор за актуелната политичка состојба, беше потенцирано значењето за стратешкото партнерство со САД, како и потребата за остварување на стратешките цели за напредок во интегративните процеси на земјата.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека е за интензивни односи и соработка со Соединетите Американски држави за сите прашања кои се од заеднички интерес, обезбедувајќи стабилност и развој на процесите.
Претседателот Мицоски истакна дека е потребно Македонија да се стави на брзата лента за членство во Европската Унија преку сериозни сеопфатни реформи.
Мицкоски посочи дека потребно е ресетирање на општеството и безусловна борба против корупцијата и апсолутна правда.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE