Изборите во Германија вечерва ги споија премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Наместо жешка политичка дебата, овој пат атмосферата е порелаксирана за лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а покрај нив е германската амбасадорка Анке Холштајн.

Во амбасадата Мицкоски се сретна и со Филипче.

Дел од македонскиот политички врв и дипломатите вечерва во амбасадата на СР Германија го следат исходот од изборите, после кои во Бундестагот ќе биде избран новиот канцелар на Германија, наследник на досегашната канцеларка Ангела Меркел која оваа функција за извршуваше во последните 16 години.