Денеска, при претставувањето на кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се осврна и на Извештајот на Стејт Департментот за кој рече дека „го потврдил само она што ние цело време укажувале, дека земјата ја има најкорумпираната и најкриминалната влада што некогаш постоела во Европа”.

– Четири години буквално зборуваме дека имаме работа со држава во која мафијата има своја држава, овде мафијата има политичка партија тоа е СДСМ. Сето она што го укажуваме, дека во Македонија главен проблем е корупцијата и криминалот добива и меѓународно признание. Очекувам сојузници во борбата, а со овие проекти што ги презентираме во „Македонија за сите луѓе” ќе покажеме како се работи со љубов за својата тактковина Македонија, истакна Мицкоски.