Ако се прави анализа во последните две години, односно во овие 24-25 месеци откако оваа Влада е избрана, вкупното ниво на странски инвестиции е некаде околу 1 милијарда и 400 милиони евра, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање од отворање на нов погон на фабриката „ВИК“ во ТИРЗ Прилеп
-Секогаш ми велат, не се споредувај со претходно, но ние мора да се споредиме и со претходната Влада бидејќи ние сме Влада која ја победила претходната Влада, понудила нов концепт избран од граѓаните. Ако ги споредиме овие две години со првите две години тогаш, кога немаше кризи, тогаш ќе стане збор за споредба меѓу 1 милијарда и 400 милиони евра оваа и Влада и 750 милиони кои ги имаше претходната Влада. Бројките се јасни, разликата е огромна. Без разлика дали тоа ќе го конвентираме како бројка визави глава на жител или вкупна бројка, станува збор за огромна разлика, рече Мицкоски.
Премиерот потсети дека вчера имавме почеток на огромна инвестиција од половина милијарда долари и дека сопственикот на таа инвестиција најави дека ќе ја дуплира таа инвестиција.
-Тоа е ветерниот парк кој ќе се протега во општините Радовиш, Штип и Карбинци. Денеска пуштаме нов погон на фабриката „ВИК“ во Прилеп. продолжуваме и понатаму. Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори, странски и домашни, рече Мицкоски.




