Вечерва Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати на митинг пред граѓаните од општина Пробиштип.

Мицкоски кажа дека СДСМ воопшто не ги исполнија ветувањата кои ги даваа пред граѓаните и дека мислат на граѓаните од едни избори на други и даваат лажни ветувања.

-Не се овие само претседателски избори затоа што можеби за онаа врхушка на СДСМ се ова претседателски избори бидејќи тие за народот и за државата мислат од едни до други парламентарни избори а потоа ако им помина лагата, ако им помине измамата тогаш фино заседнуваат во меките фотелји и се разбира за пусти пари се работело,тоа е целта нема друго. Но ние сме поразлични од нив ние легнуваме со последна мисла за татковината и народот и се будиме со прва мисла за татковината и за народот. Затоа сакам да ги потсетам на сето она што го ветуваа на сето она кое што го збореа да ги потсетам сите оние снимачи кога ќе го прегледуваат денешниот настан дали кога ќе го прегледуваат ќе се засрамат од сите оние кажани лаги, кажа Мицкоски.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ истакна дека на 21-ви април, а потоа и на 5-ти мај ВМРО-ДПМНЕ победува убедливо на претседателските избори.

-Сакам овде во Пробиштип да ја соопштам онаа добра вест која што изминативе 20 дена интензивно секаде во Македонија во домовите се зборува. А тоа е дека на 21-ви април, а потоа на 5-ти мај толку големо победуваме што нема да знаат што ги снашло. Победа најпрво на претседателските избори а потоа победа на предвремени парламентарни избори, истакна Мицкоски.

Тој исто така објасни дека состојбите во земјоделието се катастрофални и дека сите ветувања од гарантиран откуп до повисоки цени на производите и повисоки субвенции се само лаги на СДСМ на чело со Зоран Заев.

-Земјоделците морат со пили да ги сечат крошните на јаболкниците затоа што немаат кому да го продадат родот бидејќи еден килограм јаболка е 1 денар. Но истовремено не потсетија на сите лаги на Зоран Заев сите лаги на Зоран Заев дека ќе има загарантиран откуп , дека ќе има честита цена за трудот на земјоделецот дека ќе има зголемени субвенции и поддршка за земјоделецот. Две години потоа овој политички измамник се срами и дури да спомене за тоа ветување, објасни Мицкоски.

Мицоски кажа дека заради катастрофалната состојба во земјава предизвикана од владеењето на СДСМ и Зоран Заев голем број на луѓе се иселуваат од државата и тоа зазема се поголем интензитет и замав.