Мицкоски на ТВ дуел со Заев за модуларните болници пред две години:

На 24 ноември 2020 година донесовте измени на Законот за градење со кој што додадовте модуларни градби, монтажно-демонтажни објекти и предвидовте во членот 73 да нема одобрение за градење, но затоа има решение за поставување.

А на тоа решение, како придружна документацја му се додава она што треба да биде предвидено со правилник кој што го носи надлежниот, а тоа во случајот е министерот за здравство, бидејќи со тие измени вие му ги одзедовте ингеренциите на министерот за транспорт.

Е сега, да ве прашам, дали има таков правилник кој што го изготвил министерот за здравство и ако има ќе ми кажете ли кој е проектант на овие контејнери и дали се сите атести поминати, и конечно, дали се сите модуларни болници во Македонија на овој начин поставени, како обезбедивте енергетска согласност за приклучок и напојување на електрична енергија и сосема на крај, дали конечно ќе признаете барем еднаш во вашата политичка кариера, вина за тоа што сте направиле геноцид врз сопствениот народ.