Мицкоски: Власта одби еднозначно и јасно референдумско прашање кое го предлагавме

/ 12.09.2018

Референдумското прашање кога дојде на дневен ред ни беше приоритет, а дојде на дневен ред на третата лидерска средба во Клубот на пратеници и тоа во втората половина, откако во првата половина се согласивме за новиот закон за финансирање на политички партии, составот на ДИК, но и измените во законот за влада каде е предвидена повторно техничка влада по принципот на пржинскиот модел кој претходно го имаше СДСМ за време на предвремените избори во 2016 година, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија 24.

Тој објасни зошто политиките на ВМРО-ДПМНЕ и позициите били такви во тој период.

-На средбата на почетокот во март месец во владата кога имав билатерална средба со  премиерот Зоран Заев договоривме одредени позиции, меѓу кои и составот и принципот за избор на ДИК, новиот закон за финансирање на политичките партии, но и измените во Законот за влада каде се предвидува новиот состав на техничката владата да биде по пржинскиот модел. Но, бидејќи тоа не беше исполнето дојдовме до нова лидерска средба која најпрвин беше свикана за да  биде откочен процесот на формирање на ДИК, рече Мицкоски.

Лидерот на опозицијата напомена дека побарал во повеќе наврати од Владата прашањето да биде еднозначно согласно Законот за референдум, Уставот, како и препораките кои се содржани во Кодексот за добри практики на Венецијанската комисија, но тоа не е случај со прашањето за престојниот референдум за промена на името.

– Доколку за време на лидерската средба се одважеше парламентарното мнозинство, премиерот Зоран Заев, СДСМ и останатите политички партии кои што го формираа парламентарното мнозинство и го прифатеа предлогот на Христијан Мицковски и на ВМРО-ДПМНЕ, на референдумот да имаме прашање кое што ќе биде еднозначно, кое што ќе биде согласно Законот за референдум, Уставот, но и препораките кои се содржани во Кодексот за добри практики на Венецијанската комисија, а тоа подразбираше прашање кое што ќе се однесуваше само на Договорот од Нивици, потпишан помеѓу МНР Димитров и МНР Коѕијас, на 17.06.2018, тогаш Христијан Мицкоски ќе го повтореше ова што го кажа на оваа прес конференцијата пред два и месеци и ќе излезеше и ќе гласаше против. Но парламентарното мнозинство не се одважи, не ја сфати суштината, се обиде да го манипулира сопствениот народ, за што дебело ќе биде казнето на следните, без разлика дали тоа ќе бидат редовни или предвремени, парламентарни избори. Се обиде на шверцерски начин покрај договорот да формира една кованица во која што ќе ги внесе и ЕУ и НАТО, па ќе мора да причекате до 30-ти септември и да го видите ставот на Христијан Мицкоски.


Од истата категорија