Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска ќе ја посети фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола, а потоа ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција на новата училишна зграда на ООУ „Коле Канински“ во населбата Буковски Ливади.
Како што соопшти владината прес-служба, посетата на фабриката „Кромберг и Шуберт“ е предвидена за 12 часот, додека во 13 часот премиерот Мицкоски ќе ја посети локацијата каде се одвива реконструкцијата на училиштето во Општина Битола.
Предвидено е премиерот Мицкоски по посетите да даде изјава за медиумите.




