Утрово во Фејсбук објава лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кратко се осврна за буџетските приливи и буџетските расходи на Македонија во 2021 година. Објавата со која Христијан Мицкоски укажува на задолжувањето на државата и јазот помеѓу приходите и расходите Ви го пренесуваме во целост.
Нов долг за секое четиричлено семејство од 77.500 денари за само една година.
Како ја завршивме економски 2021 година:
⁃ Приходи во буџет околу 3,55 милијарди €
⁃ Расходи во буџет околу 4,18 милијарди €
Разликата помеѓу буџетските расходи и приходи изнесува околу 0,63 милијарди € или нов долг за македонските граѓани од 630 милиони €. Проектираниот бруто домашен производ за 2021 година беше 11,714 милијарди € што значи дека во годината на локални избори власта го зголемила долгот за околу 5,14%, а секое четиричлено семејство го задолжила за 1.260€ или за 77.500 денари.