Секоја реконструкција не е реконструкција поради резултати, дали тие резултати биле добри или недоволно добри, или воопшто немало резултати, изјави вечерва премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски во „Отвореното студио“ на МРТВ.

-Понекогаш рекунстукцијата се прави затоа што се менуваат приоритетите. Можеби тие приоритети пред две години имале една форма, после две години имаат друга форма и логично е да владините коалициони партнери во овие две години да ги искатализираа сопствените приоритети онаму кај што можат најмногу да допринесат. Мислам дека оваа реконструкција ќе биде во тој дух, изјави Мицкоски.

Очекувам дека владата успешно да го заврши мандатот, вели премиерот.

-Секој од владините партнери има приоритети во одредени области, ќе има промена на ресори и во насока на тоа, ценам дека во следниот период оваа Влада, се разбира ако ја добие довербата од пратениците која планираме каква што треба да биде, дали ќе биде во рамките на онаа една третита или ќе биде повеќе очекувам успешно да го заврши својот мандат. Но она што е многу важно, можам од денеска да кажам дека имаме стабилизирана и косолидирана состојба во државата, рече Мицкоски.

За персонални решенија и за ресори, премиерот не сакаше да зборува и остави да се обзнанат по седницата на Извршниот комитет на партијата.

-Сепак тоа се политички одлуки, на политичко ниво треба да се донесат, па дури потоа да ги операционализираме во рамките на Владата. Така што во вторник најпрвин да помине седницата на Извршниот комитет, па дури потоа да ги кажеме кои се ресорите и кои се имињата, но во суштина станува збор за промена на портфолија и промена на приоритети кај владините коалициони партнери, рече премиерот Мицкоски.

​Тој како што истакна, не може да зборува на квалитативна основа што е тоа што го очекувал и што е тоа сега што е постигнато, бидејќи, како што истакна, состојбата од која почнале да управуваат со државата, ако ја спореди со состојбата денеска, може да се види, вели, дека денеска сме многу понапред од тоа што сме биле пред две години.

-И во делот на консолидирањето, но и во делот на функционирањето на самата институција Влада. Тоа е она коешто можам денеска да го кажам, буквално во сите ресори. Исто така, ќе потсетам дека ние во минатото имавме една, би рекол, мини реконструкција, посебно после локалните локалните избори. И исто сакам тука да потенцирам дека од денешна перспектива ако ги гледаме работите и ако се вратиме две години наназад, ние знаевме дека е тешко, дека е лошо, но верувајте тоа е поезија во споредба со тоа коешто го затекнавме тогаш пред пред две години. Така што, ако некој почнувал од нула, ние почнувавме од длабок, длабок минус. И затоа денеска можам, после овие две години, да кажам дека конечно сме консолидирани и конечно сме подготвени да забрзаме напред. И очекувам оваа реконструкција и овие новодефинирани приоритети, коишто се во рамките на владината програма, се разбира, да да грабиме напред, да испорачуваме тоа коешто коешто сме се обврзале пред граѓаните, истакна Мицкоски.