За владините функционери и Заев да обезбедат иднина, прво треба да ја согледаат реалноста, а реалноста во Македонија се одликува со криза, живот на рати, политички поделби и откажувања. Зоран Заев не е во можност себе си да си обезбеди иднина, а не пак на Македонија и народот, порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

-Заев стана изолиран со платеници и клиентелисти во личната битка за задржување на фотелјата наместо битка за спасување на државата. Заев е подготвен да ја плати секоја цена, ама тоа ако може да го плати со туѓи синови и ќерки, и на туѓ грб само за да ја спаси својата кариера, а таа кариера нему му обезбедува власт и пари.

Објавта доаѓа неколку часа по протестот во Скопје против актуелните договори на Владата на Заев со Бугарија на кој Мицкоски истакна дека според неговите инфромации, токму денеска во Софија се врши финалната распродажба и распарчување на Македонија.

Интригантна е реченицата: „Зоран Заев не е во можност себе си да си обезбеди иднина…“ Со оглед на тоа што Заев е материјално обезбеден, а тоа му е познато на Мицкоски, останува дилема што тој порачува со овие зборови.