Партијата СДСМ има два лидери, едниот јавен е Венко Филипче, а другиот скриен е Зоран Заев и еден од нив не може да се претставува како жртва на прогон, најмалку од три огромни причини, вели аналитичарот и бивш поддржувач на СДСМ, Ивор Мицкоски.

– Мора една работа да биде јасна, не може лажна опозиција која се однесува како ВМРО во 2008 година, која праќа кривични до медиуми, која само се кара и расправа, да губи време на цела држава со својата неспособност и со путерот на глава на актуелниот позадински и фронтален лидер. Кога плус убаво ќе размисли фронталниот што гревови има зад себе, од обидот за бизнисот со кинеските вакцини, до проблемите во Онкологија и конечно со бизнис шемата за модуларните каде загинаа 14 луѓе, не знам колку има простор да раскажува приказни за политички прогон, вели аналитичарот Мицковски.

Според него, како бивш огнен поддржувач на СДСМ, кој добро ги познава состојбите во таа партијата, таа има двајца лидери.

– Едниот јавен е Венко Филипче, а другиот скриен е Зоран Заев, вели Мицковски.