Вечерва, на прес конференцијата околу 23 часот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави дека партијата донела одлука, во поглед на референдумот, секој граѓанин да донесе одлука според своето убедување. Тој смета дека секој граѓанин знае што да направи имајќи ги в предвид аргументите за договорот. Послушајте го своето срце, порача Мицкоски.
Според искажаното од Мицкоски, партијата останува на ставот дека договорот со Грција е непоправливо штетен и дека поради тоа ВМРО-ДПМНЕ не може да го поддржи.
Партијата останува на ставот дека Македонија не смее да отстапи од членството во НАТО и ЕУ, но и дека договорот со Грција ја брише Македонија.
Повеќе детали од прес конференцијата наскоро.