Властите на грчкиот остров Лезбос соопштија дека повеќе не се во можност да обезбедат сместување за нови мигранти кои доаѓаат на островот, со оглед на тоа што во кампот за мигранти во овој момент престојуваат четири пати повеќе лица од што е предвидено.

Во кампот Морија моментално има 12.000 лица и нема можност во него да се сместат уште мигранти, информирале двајца локални функционери.

Тие додаде дела новопристигнатите мигранти на Лезбос спијат на отворено или во шатори надвор од кампот, кој инаку е предвиден за 3.000 лица.

Властите на Лезбос соопштија дека во чамци од Турција вчера на островот пристигнале најмалку 410 мигранти.