Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков денеска иако беше предвидено, сепак не даде своја одбрана за случајот „Плацови на Водно“ каде е обвинет. Мијалков се повика на дополнителните докази кои денеска ги достави обвинителката Лиле Стефанова. Тој влезе во конфликт со судијата Илија Трпков кој инсистираше Мијалков денеска да ја даде својата одбрана. Но, тој на судијата му рече дека го научил Законот за кривична постапка и оти според него, одбраната можел да даде и во друг момент од главната расправа. Судењето продолжи со давање одбрана на обвинетиот Ристо Новачевски. Тој рече дека бил управител на фирмата „Сирах Инженеринг“ по барање на Груевски и оти преку таа фирма екс-премиерот купил плацови на Водно.