Влезот во НАТО е готов, а тоа беше главниот фокус, но, сега нашиот процес за влез во ЕУ е заглавен, рече екс министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на денешната панел-дискусија на Универзитет Американ Колеџ Скопје на тема „Војната во Украина и нејзиното влијание на Балканот“.

– Мислам дека политиката на ЕУ за Балканот одамна требаше да се промени. Нашиот најголем проблем е бугарското вето. По Преспанскиот договор ние бевме почувствителни за геополитичките битки со соседите“ вели Шекеринска.

Влезот во НАТО е готов, но, сега нашиот процес за влез во ЕУ е заглавен поради актуелната криза во Украина.

– На еден начин, иако влеговме во НАТО, во нашата земја има доста руско влијание, смета Шекеринска.

Според бившата министерка, ниеден Бугарин кој се смета за јавна личност не изегол во јавност да каже дека „на С. Македонија треба да и биде ставено вето“. Таа смета дека ова е поттикнато од силното руско влијание во Бугарија.

– Вето не се става преку референдум. За тоа не гласаат обичните граѓани, вели Шекеринска.

Шекеринска вели дека ЕУ и НАТО треба да се пореалистични во своите планови и да разгледаат што може всушност да се оствари, па да тргнат оттаму.