Мик Џегер планира да го прослави својот 80-ти роденден со голем стил, на спектакуларна забава во западен Лондон, во една од најстарите ботанички градини, на која, според медиумите, ќе пристигнат околу 300 гости.

„Да се наполни 80 години е голема пресвртница за секого и Мик сака да организира забава што никој нема да ја заборави“, открил неименуван извор.

Славниот рокер минатата година ја помина на славеничката турнеја на своите Ролинг Стоунс, со која одбележаа 60 години од нивната импресивна кариера, а изгледа дека нема намера да забави. „Мислам дека уживањето во животот не е ексклузивна привилегија на младите… Не мислите ли дека понекогаш е мудро да не пораснете?“ изјави фронтменот на Стоунс во пресрет на неговиот роденден.

Инаку, Џегер неодамна се сврши со поранешната балерина Мелани Хемрик, која е 44 години помлада, но многумина веруваат дека венчавка нема да се случи. Двојката се запознала на концертот на Ролинг Стоунс во Токио во 2014 година, а потоа се заљубиле, иако пријателите на пејачот откриле дека биле во отворена врска, па дури и дека Мелани ги избирала љубовниците на Џегер. Пред шест години тие го добија синот Деверу, кој е осмо дете на Мик Џегер. Тој има уште седум деца со пет различни жени, а има и пет внуци и една правнука.

Иако се зборува за отворена врска и дека Џегер не се откажал од неверството, кое ги одбележа сите негови претходни врски, извори блиски до музичарот тврдат дека тој се смирил со Мелани и води многу помирен живот. Покрај тоа, тој се грижи за исхраната, редовно вежба и се занимава со разни спортови.

“Мик целосно се промени. Порано многу менуваше девојки. Сепак, Мелани и Деверу одат на турнеја со него, па семејството е секогаш заедно. Тоа го прави среќен”, рекол неименуван познаник на Џегер.