Пратеникот Антонио Милошоски, кој се повикува на дипломатски извори во МНР, открива кој е предлогот на Бугарија за Гоце Делчев: „Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла на зборот, но во смисла на народно-етничката припадност Гоце Делчев е Бугарин роден во географската област Македонија”.

Милошоски во својата објава на Фејсбук вели дека ова е една од причините зошто премиерот Зоран Заев бега од лидерска средба за позициите на Македонија во врска со односите со Бугарија.