„Ние сметаме дека ова е една ургентна ситуација во која што понудените, дадените од министерот и заменикот министер за здравство не треба да бидат предмет на оценување. Во Македонија нема премиер, или институција, или агенција која што треба да биде морален суд. Тие оставки треба да бидат веднаш доставени до Собранието и без расправа да бидат констатирани“, нагласи Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „200“ на АлсатМ.

Милошоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ смета со потегот во Собранието ќе се изврши дополнителен притисок во позитивна смисла, оставките на министерот и заменикот министерот да бидат констатирани.

„Ние дадовме две опции, едната опција е собраниското мнозинство да ја прифати оваа точка на дневен ред и да се констатираат оставките на министерот Венко Филипче и неговиот заменик господинот Хасани, кој што видовме дека се врати на неговото работно место. И втората опција бидејќи претседателот на Собранието Џафери кажа дека не зависи од него туку зависи од премиерот, побаравме еден час пауза бидејќи Владата не е далеку од Собранието и еден курир може да ги донесе двете оставки до Собранието и да ги констатираме во текот на денот“, рече Милошоски.

Миошоски посочи дека ова ВМРО-ДПМНЕ го прави бидејќи смета дека цела година се има погрешни одлуки, а немилата несреќа која што се случи во Тетово беше само екслација на неспособноста и неодговорноста на власта.

Во дебатата учествуваа Агим Нухиу – заменик министер за правда, Антонио Милошоски – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Вјољца Бериша – член на претседателството на АА“.

Иако своето учество во емисијата го потврдиле претставници на СДСМ никој од владеачката партија не дошол.