Две-три години првите луѓе на СДСМ ги залажуваа своите симпатизери дека ВМРО-ДПМНЕ, дури и да победи, нема коалициски капацитет за да формира влада, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Смета дека истата мантра, како верна паушал-клиентела, ја повторуваа и 6-7 провладини “аналитичари”.

-Но, изборите ја демантираа власта во заминување и денес токму владините партии ДУИ и СДСМ се оние кои немаат коалициски капацитет. И СДСМ и ДУИ имаа силно изразена ароганција како власт, и гледаа со големо потценување на секој неистомисленик. Периодот во опозиција е шанса и за двете партии да се реформираат, да покажат дека го почитуваат мислењето на народот, а ароганцијата да си ја остават само за домашна употреба, пишува Милошоски на Фејсбук.