Сега зошто не ги казни или приведе судот двајцата адвокати на Катица Јанева, прашува пратеникот Антонио Милошоски, по денешното одложување на рочиштето за криминалната афера „Рекет“, поради како што е соопштено болест на двајцата адвокати на поранешната специјална обвинителка.

– Двајцата адвокати на Катица координано се разболеа во ист ден. Што не ги казни судот сега или да се закани дека ќе ги приведе, плус дека ќе и назначи на Сињора Катица адвокат по службена должност? Или тоа важи само за адвокати во „предметите“ на СЈО што ги нарачува лицето З.З, објави Милошоски на Фејсбук.