„Единствено што гледаме е дека постојат крила во другите партии во владејачката партија ДУИ на јавна сцена речиси секојдневни забелешки препукувања и коментари на едното и другото крило во ДУИ. Гледаме дека во СДСМ преку републичкиот судски совет и други институции едно крило протежира фаворизира кадровски, друго крило други“, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во вечерашното гостување во Централниот Дневник на Телевизија Сител во „Тема на Денот“.

Тој додаде дека за разлика од нив ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери се кохезивна група во Собранието и јавните изјави кои ги дава преку медиумите и меѓусебните реплики се исти и во моментов нема позадинска комуникација на власта со опозицијата.

Тој посочи дека со арогантното однесување на нашите два предлози на лидерската средба и немањето нивна желба на власта се срушија мостовите за комуникација.

„Во овој момент нема поединечна, официјална или дискретна комуникација со опозицијата и нема никаква потреба. Нашата единствена потреба за да излеземе од оваа политичка, економска и инфлаторна криза е што поскоро да одиме на избори и затоа сметаме дека тоа е дел од решението која го создаде власта со својата ароганција“, кажа Милошоски.

Тој е дециден дека главната цел е да имаме што поголема излезеност на изборите, што поголем број на луѓе да се определат за опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ за да имаме посилна шанса за да формираме Влада без ДУИ.

„Во моментов на политичката сцена СДС е трето рангирана партија, во самата владејачка коалиција ДУИ и Алијанса за Албанците имаат поголемо влијание и така ќе биде и на изборите. Затоа нас главниот фокус ни е за високата корупција за која има многу индикации дека се поврзува со ДУИ“, потенцираше Милошоски

Тој заклучи дека особено важно е дека ДУИ откако ќе биде опозиција тоа ќе им е шанса за ДУИ да се реформира.