Ова што му се случува на Миле Јанакиески е неправда, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, зборувајќи за поранешниот министер за транспорт и врски и член на неговата партија, осуден во неколку предмети, а кој беше единствениот кој неодамна доби затворска казна за случајот Титаник.

Откако Апелација ја потврди 3ипол годишната затворска казна за Јанакиески во предметот Титаник, адвокатите најавија дека ќе бараат да му биде пресметано времето минато во притвор за други предмети, по што во јавноста се разви дебата околу ова барање.

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев, на Фејсбук напиша дека не гледа пречка времето минато во притвор на Јанакиески да му се пресмета во предметот Титаник, додека поред претседателот на здружението на судии Џемали Саити, станува збор за прво барање од ваков тип, а иако истакна дека спојувањето на предмети е сепак позната пракса, нагласи дека Кривичен суд е треба да го даде последниот збор.